ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕЛА НОЌ 2024

bela-nok-javen-povik-2024-03-1 БЕЛА НОЌ

ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2024 !


Оваа година ќе се одржи јубилејното 20-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.

За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.
Овогодинешното издание на “БЕЛА НОЌ“ ќе се одржи на 5 октомври 2024 на повеќе централни локации низ градот Скопје.

На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следниве области:

  • ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип)
  • ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации)
  • МУЗИКА
  • ФИЛМ
  • ТЕАТАР
  • ЈАВНА УМЕТНОСТ
  • УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ


Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.
За учество во „БЕЛА НОЌ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:

  • Пополнета апликација (Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација, финансиска конструкција на проектот и др.)
  • Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата
  • Фотографии/видеа/каталози или сл.

Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 (Зграда на Библ. Браќа Миладиновци)
Документите во електронска форма може да се достават на е-маил: info@univerzalna.com.mk со назнака Апликација за БЕЛА НОЌ 2024.

ПРЕЗЕМИ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ТУКА

За дополнителни консултации и информации за Јавниот повик :
Бул Партизански одреди 22 ( Зграда на Библ. Браќа Миладиновци ) секој работен ден од 08:00 до 12:00 часот, на е-маил info@univerzalna.com.mk или на телефонскиот број 02 32 45 615.

Крајниот рок на аплицирање е 19.08.2024.

ЈУ Универзална сала Скопје